Loading...

Полнети компири

Полнети компири, зачинети со Grini лук

Полнети компири, зачинети со Grini лук  

Состојки: 
6 компири, 
60 г путер, 
115 г павлака, 
4 парчиња сланина, 
испржени и исечкани, 
250 г кашкавал чедар, 
сол, 
црвен пипер,
Grini лук, 

Подготовка: 
Загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени. Издлабете ги компирите и наполнете ги со путер. Печете 45 до 55 минути, додека компирите убаво омекнат. Потоа, оладете ги и пресечете ги на половина по должина. Половините издлабете ги, а внатрешноста од компирот што ќе ја извадите ставете ја во еден сад. 
Во садот додадете го путерот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете ги и павлаката, сланината, кашкавалот и зачините и мешајте уште една минута. Потоа, со смесата наполнете ги компирите и одозгора ставете малку црвен пипер. Печете ги уште 20 минути на истата температура, додека компирите не добијат златно-кафена боја.

Пријатно!