Grini пченкарна палента
За прстофат пофкусно!

Палентата има историја која датира од 1700 е – кога беше популаризирана во Италија. Ја сметале за храна на селаните, бидејки ја имало во изобилство и по ниска цена.
За американските Индијанци зборот пченка значи „она што го одржува животот“. Таа е веднаш зад пченицата и оризот како едно од најважните жита во светот.
Палентата скоро да не содржи масти, има ниска количина на прости шеќери и натриум, затоа таа е една добра основа за здрав оброк. При подготовка на оброкот внимателно одберете ги и останатитие состојки. Бидејќи таа е една од најдобрите производи за снабдување на организамот со долготрајна енергија, и секогаш е добра идеја да се меша со зеленчук.
Од друга страна палентата претставува оброк кој е многу лесен за приготвување и погоден за појадок, ручек или вечера, може да се сервира топла или ладна, мека или тврда.
Неодоливи комбинации и рецепти можат да се направат од палентата, со малку имагинација и употреба на зачини како што се: бибер, ким, морков сушен, босилек, ЗАЧИНАЛ и сл.
Пробајте ја новата, неодоливо вкусна ПЧЕНКАРНА ПАЛЕНТА од палетата на GRINI и зачинете го Вашиот оброк според Ваш вкус.