Пинџур
РЕЦЕПТ- Толчен пинџур со Морска сол!
Толчен пинџур со Морска сол!
Состојки:
1 кг пиперки,
4 црвени домати,
2 модри патлиџани,
100 мл масло,
3 чешниња лук,
Mорска сол.
Подготовка:
Се печат пиперките, доматите и модрите патлиџани и се лупат.
Во аван се толчи лукот со морската сол. Во аван се толчат пиперките, доматот и модриот патлиџан.
Се мешаат сите состојки и уште еднаш се толчи.
На страна се загрева масло и се истура врз пинџурот.
На здравје!